Во штипскиот регион 34 случаи на грип во изминатите две недели

Во последните две недели регистрирани се 34 случаи на сезонски грип од страна на Центарот за јавно здравје-Штип. Пријавите на матичните лекари и од Детското одделение во Клиничка болница-Штип по клиничка слика покажуваат дека најголем број се деца на возраст од пет до 14 години.
-Вкупниот број на пријавени деца се 15, но пријавени болни има и во останатите возрасни групи. Се забележува зголемување на бројот на заболувања и слични на грип, но сепак овој број е под границата на сезонската активност на грипот, вели Марија Димитрова директор на Центар за јавно здравје-Штип.
Матичните лекари велат дека амбулантите ги полнат пациенти со висока температура, кашлица, малаксаност, растечен нос.
-Најчесто пациентите се жалат на болка во грло, сува кашлица, мускулна болка, главоболка, висока температура до 40 степени којашто може да трае и по два до три дена. Намален апетит, гастрични тегоби, вели Валентина Митров, специјалист по семејна медицина.
Лошата здравствена состојба според лекарите во најголем дел се должи и на аерозагадувањето. Големата концентрација на штетни материи во воздухот се добра подлога за појава на голем број на кардиоваскуларни и белодробни заболувања.
Инаку, мерната станица на лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип од вчера бележи драстично намалување на загаденоста на воздухот. Во моментов покажува 23 ПМ честички и Штип е во градовите со чист воздух. Ветерот кој вчера дуваше, но и дождот придонесоа да го снема аерозагадувањето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
