Во Штип скршена спомен плочата на поетот Ацо Шопов

Скршена е спомен плочата на поетот Ацо Шопов која се наоѓа кај неговата родна куќа во штипската населба „Горно маало“.
Според претседателот на Општинската органзиација на Сојузот на борви од Штип, Трендафил Атанасовски, се работи за невиден вандалски чин, којшто во изминатите денови е забележан од страна на граѓанин кој живее во тој дел од градот.
Претставници на Општинската органзиација на Сојузот на борци во текот на следната недела ќе бараат средба со штипскиот градоначалник Благој Бочварски со цел да се санира плочата на Шопов, но и сите останати спомен бисти кои беа оштетени во изминатите неколку месеци.
Портпаролот на градоначалникот на Општина Штип, Кристина Костова изјави дека се информирани за вандалскиот чин и оти веќе се прави план како да се санираат штетите на спомен плочите и бистите во градот.
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
