Во Штип над 400 деца и родители дел од проектот „Растеме со игра“
Над 200 деца од детската градинка „Астибо“-Штип на Градскиот плоштад „Слобода“ заедно со своите родители беа дел од меѓународниот проект „Растеме со игра“. Со песна и игра децата го прославија 1 Јуни Меѓународниот ден на детето, но и на танцот.
Директорот на градинката Илија Митров вели дека веќе втора година се дел од овој меѓународен проект.
- Целта е една и единствена, а тоа е среќата на нашите деца, бидејќи навистина се среќни кога во некој проект заедно работат со родителите. Учествуваат седум групи. Значи имаме 220 дечиња и уште толку родители, вели Митров.
Тој истакна дека повеќе од две недели се подготвувал овој настан. Спортските работници кои ги подготвувале игрите за децата и родителите апелираат во текот на летото децата да не седат пред компјутерите, туку да играат со своите другарчиња и да имаат спортски активности.
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп