Македонија
26. April 2018 - 14:46

Во Штип имунизација на 80 ромски дечиња

По повод Европската недела на имунизацијата, Општина Штип организира систематски преглед и вакцинирање за околу 80 дечиња, од кои 60 од дечињата се сместени во објектот  на старото нервно одделение, а 20 дечиња од населбата Каваклија.

-Општина Штип организира бесплатен превоз до Здравствениот дом, за овие дечиња да бидат вакцинирани овде. Предвидено е вакцинирање на вкупно 80 дечиња, од кои дел се прва смена. Тие дечиња што се прва смена ќе дојдат на систематски преглед и по потреба ќе бидат вакцинирани подоцна во текот на овој ден, вели Беами Шакиров, референт за односи со заедниците при Општина Штип.

Тој истакна дека со денешниов настан , Општина Штип се вклучува во одбележувањето на Европската недела на имунизација, при што апелираат до сите семејства преку вакцинирање да се спречат болести и да се заштити населението од болести.