Во шест бели ковчези колони луѓе ги испратија трагично настраданите тинејџери
Колони од луѓе се собраа во Ракитно да ги испратат жртвите кои починаа на новогодишната ноќ од гушење со гас во викенд куќа.
Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Мија Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ се погребани денеска пред црквата Свети Јован Крстител на Ракитно.
Во истата црква започнаа погребните обреди и молитви, а заедничката миса е предводена од епископот мостарски и дувањски и апостолскиот администратор на Требиње и Мркањ, Петар Палиќ.
Ковчези со телата на жртвите беа изложени пред црквата пред погребите.
Потсетуваме, четири девојчиња и четири момчиња трагично починаа на новогодишната ноќ во Трибистово кај Посушје.
Вчера беа погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ . Гробиштата на Мартиќ Криш беа премали за секој што сакаше да им подаде рака на родителите и да им испрати утешни зборови за двајца млади кои си заминаа од овој свет.
Осуммината тинејџери во Посушје, Босна и Херцеговина се задушиле од отровен гас од агрегаторот за греење во викенд куќата во која славеле Нова година.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче