Во САД задржани Руси од Чукотка кои избегале од мобилизацијата
Двајца жители на Чукотка од рускиот Далечен Исток кои побегнале од мобилизацијата биле задржани на американскиот остров Свети Лаврентиј, објави денска порталот „Аљаска њуз сорс”.
Според гласилото, Русите се прикотвиле на островот на 4 октомври. На локалните жители тие им кажале дека пловеле од населеното место Егвакинот на Чукотка оддалечено околу 500 километри морски пат. Тие биле задржани и однесени во градот Хембел на островот, а потоа транспортирани во Анкориџ, најголемиот град на Аљаска.
Федералните власти сега утврдуваат дали Русите го нарушиле правилото за пресекување на границите на САД и дали имаат право да престојуваат во земјата. Гувернерот на Аљаска, Мајк Данливи изјави дека ова е единствен случај на нелегален премин на морската граница меѓу Русија и САД и дека не се очекува постојан прилив на имигранти од Русија.
Се соопштува дека Русите побарале политичка азил во САД. Сенаторот Ден Саливан изјави дека инцидентот покажува дека „рускиот народ не сака да ја води путинската војна на агресија против Украина”. Исто така тој ги повика федералните власти да изработат план во случај ако се зголеми бројот на Руси кои се обидуваат да дојдат на територијата на Аљаска. Според изданието Форбс, од почетокот на воената мобилизација од Русија досега заминале над 700.000 Руси.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња