Во САД одбележување на првата годишнина од нападот врз ноќен клуб во Орландо
Во градот Орландо во Флорида денеска се одржа церемонија во спомен на 49-те жртви, убиени во ноќен клуб во оваа американска сојузна држава пред една година.

Уште пред разденувањето, во истиот час, кога точно пред една година во ноќниот клуб „Пулс“ вооружен напаѓач со огнено оружје ја претвори забавата во масакр, беа прочитани имињата на убиените.
На повеќе места во САД комеморации по повод најкрвавото масовно убиство со огнено оружје во поновата историја ќе бидат одржани со молитви и бдеење со свеќи.
Американците беа повикани да се вклучат во тој знак на „љубов и сочувство“ за да се им се оддаде спомен на жртвите во масакрот во геј клубот, кој траеше три часа. На тие настани ќе учествуваат и преживеаните, кои се уште се лекуваат од емоционални и физички трауми.
Стотици лица се собраа пред клубот уште синоќа. Повеќето од нив беа облечени во бело и носеа фенери. Повеќето изјавија дека тука доаѓаат прв пат по трагедијата, која им нанела длабока душевна болка и која според властите била акт на длабока омраза кон луѓето со различна сексуална ориентација.
На денешен ден пред една година 29-годишниот Омар Матин отвори оган кон гостите во клубот и зеде заложници, пред полицијата да го убие во престрелката. Напаѓачот се огласи дека е припадник на Исламска држава.
Неговата вдовица, Нур Салман беше уапсена во јануари под обвинение дека му помагала и го поттикнувала сопругот во неговите обиди да собира средства за помош на терористичка органзиација и оти ги лажела властите, кои вршеле истрага за масакрот.
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
