Во САД над 220.000 заболени со Ковид-19, се чека вакцината
Во последните 24 часа САД регистрирале повеќе од 220.000 нови случаи на коронавирус, на ниво малку пониско од рекордот во последните денови во земјата, покажаа податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, додека Американците се надеваат дека ги чекаат првите дози на вакцината. Во исто време, починале 2.500 лица.
Американските власти очекуваа зголемени бројки на заболени со Ковид-19, откако милиони луѓе патуваа на Денот на благодарноста пред десет дена, и покрај повиците да останат дома.
Повеќе од 100.000 лица во моментот се наоѓаат во болниците во САД.
Американците, соочени со огромен скок на инфекција во последните неколку недели, се надеваат дека ќе започнат кампања за вакцинација што е можно поскоро.
Вакцината на „Фајзер/Бајонтех“ може да биде одобрена во наредните денови, а вакцината на „Модерна“ веќе следната недела.
Експертите на Агенцијата за лекови на САД (ФДА) во извештајот објавен во вторникот велат дека вакцината против Ковид-19 на „Фајзер/Бајонтех“ не е ризична во однос на безбедноста. Советодавниот одбор на агенцијата утре треба да се состане и да донесе одлука за одобрување на вакцината, како што веќе тоа го стори Велика Британија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости