Во РС не се урна хеликоптер, туку е оштетен далновод
Полициската управа во Зворник соопшти дека во близина на Братунац не се урна хеликоптер, туку се случило оштетување на далновод.
Локалните жители на Братунац денеска пријавиле дека околу 12 часот и 30 минути се урнал хеликоптер на непристапен терен.
- По пријавата, полицијата во соработка со другите служби беа ангажирани да го прегледаат теренот, при што е утврдено дека не се уранл хеликоптер, туку бил оштетен далновод, изјави портпаролот на Полициската управа во Зворник, Миљан Бобар.
Тој додаде дека поради одредени звучно-светлосни елементи жителите се посомневале дека се урна хеликоптер.
- Хеликоптер го надлетуваше подрачјето во моментот кога се случи празнењето на далноводот и луѓето помислија дека се урнал, изјави командирот на пожарникарската единица во Братунац, Љупко Илиќ.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска