Во Ресен засадени 10.000 дрвца питом костен и црн бор

Под мотото „Засади успех“ денеска во преспанското село Сливница беа засадени околу 10.000 дрвца питом костен и црн бор, во рамки на 16. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека биле раззеленети два хектари површина во близина на црквата „Свети Димитрија“ во атарот на селото Сливница.
- Акцијата беше масовна. Учествуваа неколку стотини граѓани, претставници на локалната самоуправа, институциите и јавното претпријатие „Македонски шуми“, подружница „Преспадрво“ – Ресен, ученици од основните и средното училиште..., изјави Стрезовски.
Во изминатите два дена Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ засади 300 декоративни садници на повеќе локации во Ресен со што ја најави есенската акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
