Во Радовиш реализирани инфраструктурни проекти во две села

Општина Радовиш во текот на изминатиот период реализираше инфраструктурни проекти во руралните подрачја. Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов информира дека со средства од буџетот асфалтирани се улици во селата Раклиш и Ораовица.
Изградена е улица во населбата Раклиш, каде што жителите во изминатиов период беа сведоци дека заедно со сите други реализирани проекти во делот на подобрување на инфраструктурата и во нивното населено место беше изградена односно асфалтирана улица која води низ населеното место и завршува до спортското игралиште. Асфалтираната должина е 277 метри со ширина на коловоз од 5 метри, и ширина на тротоари од 1,5 метри од двете страни. Вкупната инвестиција е обезбедена од буџетот на општина Радовиш и изнесува 2.419.246 денари, вели Николов.
Тој истакна дека изградени се и пет улици во село Ораовица, а се работи за поплочени со бекатон 2900 м2 , како дел од градежните работи поставени се и 1360 метри ивичњаци и 730 метри риголи.
- Фактот дека во изминатиот период населените места од општина Радовиш беа запоставени, сега драстично го менуваме и тоа во позитивна насока. Во однос на нашата зацртана визија и нашето мото кое секојдневно не води во дневните задачи и активности дека-визијата без акција е сон, акцијата без визија е случајна активност, а двете заедно можат позитивно да ја променат сликата на нашиот свет-нашата општина Радовиш и сите населени места кои се вбројуваат кон неа, вели Николов.
Ново на Сител
-

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила
-

Мицкоски: Средбите во Давос ќе имаат придобивки во повеќе сектори
-

Руски „Лукоил“ продаден на американци
-

Тошковски: Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација
-

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци
-

Четири лица од Неготино силувале 13-годишно девојче
-

72-годишна жена од Штип измамена од лажен лекар за сума од 2.600 евра
-

Кривична пријава за Фатмир Дехари, вработил четири лица кои примале плата, а не оделе на работа
