Македонија
15. јуни 2022 - 14:49

Во работната група за измени на Изборниот законик се чека претставник од ВМРО-ДПМНЕ

Уште ВМРО-ДПМНЕ нема номинирано претставник за Рабтната група за измени на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчевски.

– Работиме на компонирање на работната група и мислам дека за многу краток временски пеериод ќе излеземе и со прес-конференција каде што ќе ги добиете сите информации како се почнува со работата и како ќе се движиме во однoс на проекциите. Така што, не сме заборавиле односно сакаме процесот да биде консензуален, транспарентен и да има партиципативност од сите партии, истакна Тупанчевски.

По истекот на рокот за номинација на членови во Работната група за измена на Изорниот законик, 30 мај, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА беа партии коишто нема номинирано свои претставници.