Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово

Во првите десет месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе со вкупна вредност од 2 463 677 171 денари или 39 993 684 евра.
Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе - печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46%), Италија (18,7%)и Косово (8,8%).
Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 ден/кг, потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг и Косово – 50 тони кафе, со просечна цена од 287 ден/кг.
Потоа следува Уганда – 31,5 тони, Виетнам – 28,7 тони, Индија – 22,6 тони, Хрватска – 13,1 тон и Кенија – 9,8 тони кафе.
Во 2024 година во земјава, според податоците од Државниот завод за статистика биле увезени вкупно 7 223 154 килограми кафе - печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
