-->
-->
Во протестите во Париз уапсени 12 лица
-->
Во судирите меѓу полицијата и антивладините демонстранти по протестите на младите под наслов „Будни цела ноќ“ во Париз се уапсени 12 лица, соопшти денеска француската полиција.
Полицијата употреби солзавец за да растера група од стотина луѓе кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу Плоштадот на републиката, каде демонстрантите веќе три недели одржуваат протести секоја ноќ, се наведува во соопштението.
Во нередите кои избија нешто по полноќ едно полициски возило е запалено, а 12 лица се уапсени поради илегално собирање и фрлање проектили.
Протестите почнаа на 31 март поради најавените реформи на законот за труд, но во меѓувреме демонстрантите протестираат и поради низа други прашања од мигрантската криза до затајувањето данок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата