Во Пробиштип прва акција за заловување кучиња скитници

Општина Пробиштип денеска спроведе акција за заловување кучиња скитници во централното градско подрачје.
Марија Митева од кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип изјави дека за два часа се заловени околу десетина бездомни кучиња.
- Акцијата се спроведе од страна на ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кој општина Пробиштип склучи договор за заловување и стручен третман на бездомни и нерегистрирани кучиња на територија на општинта, со времетраење од една година. Денешнава акција е прва од повеќето акции кои интензивно ќе следат на целата територија на општина Пробиштип во идниов период, рече Митева.
Вакви акции за заловување кучиња скитници се реализираат и во останатите општини во источниот регион. Градоначалниците на последниот состанок во Берово веќе имаат и иницијатива проблемов да се решава и на регионално ниво бидејќи бројни се реакции од граѓаните. Засега само Штип гради стационар за кучиња скитници, кој се очекува да биде отворен во текот на наредниот период, каде што ќе бидат сместени од 15 до 18 бездомни кучиња.
Ново на Сител
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
-

Преглед на вестите од светот
