Во Приштина почина познатата режисерка родум од Скопје, Бурбуќе Бериша
Во главниот град на Косово, денеска на 51-годишна возраст по тешко боледување, почина истакнатата филмска и театарска режисерка, Бурбуќе Бериша, која е по потекло од Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бериша е автор и режисер на неколку играни филмски проекти, реализирани главно во Косово, каде што се школуваше и го помина поголемит дел од работниот век.
Нејзини попознати дела, од кои некои имаат добиено и меѓународни признанија, се играните филмови „Косово 9/11“, „Суџук опен“ и „Приштинска приказна“, телевизиската серија „Лекси во градот“, а има снимено и неколку документарни филмови. Освен тоа, има поставено неколку претстави на театарски сцени во Косово, Северна Македонија и Албанија.
За идната година таа се подготвуваше да постави една претстава на сцената на Националната институција Албански театар во Скопје.
Покрај како сценаристка и режисерка, Бериша има работено и како професор по режија, менаџер на кутурни инситутции, продуцент во филмската куќа „Косова филм“ и директорка на Националниот театар на Косово.
Ново на Сител
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
