-->
-->
Во Приштина марш за обединување на Прешевската Долина со Косово
-->
Косовското здружение „Чамериа“ организира денеска во Приштина „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово“, односно за поддршка на намерата на косовскиот претседател Хашим Тачи ова прашање да го постави на маса на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.Маршот е закажан за во 11 часот а ќе се одвива од Националната библиотека до плоштадот „Скендербег“.
Според организаторите, настанот не е поврзан со ниедна политичка структура, туку е „за доброто на граѓаните на Косово“.
Обединувањето на Прешевската Долина, област во јужна Србија со мнозинско албанско население, со Косово е идеја која што упорно ја промовира косовкиот претседател Тачи, а на која остро се спротивставуваат речиси сите релевантни косовски фактори, како и поголемиот дел од меѓународната заедница.
Според противниците на намерата на Тачи, меѓу кои најгласен е косовскиот премиер Рамуш Харадинај, зад декларативната заложба за припојување на Прешевската Долина со Косово се крие намерата за размена на територии со Србија, со што би се отворила Пандорината кутија, не само во Косово, туку и во целиот регион.
Идејата за размена на територии, односно „корекција на границата“, како што тоа го нарекува Тачи, има поборници и во Белград, пред се од претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои се залагаат за „разграничување со Косово“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер
-

Засилена дипломатска активност меѓу САД и Мексико поради најавите за воени удари врз картелите
-

Израел и Германија потпишаа безбедносен договор против Иран
-

Сообраќајот по претежно влажни коловози, проодни сите патни правци
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
