Македонија
3. јуни 2018 - 14:09

Во Прилеп уловена уште една змија долга два метри

Прилепската населба „Чачорица” по се изгледа е омилено место за смоковите.

„Откако утрово објавивме за уловен смок од метар ипол, жителите на оваа населба ни испратија нови фотографии од уште поголема змија која била уловена таму“ објави порталот „Маркукуле“.

Населбата се наоѓа недалеку од центарот на градот, а според граѓаните причината за ваквата наезда на змии е неисчистеното корито во периферните делови на градска река, како и ненавременото косење на тревниците.