Во Прилеп почит за револуционерните дејци Ѓорче Петров и Пере Тошев

По повод празникот 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба, пред спомениците на идеолозите и великаните на револуционерната борба родум од Прилеп, Ѓорче Петров и Пере Тошев во центарот на градот, делегагии на локалната самоуправа и на политичките партии положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен обележјата оддавајќи им почит на Ѓорче Петров и на Пере Тошев.
Честитајќи го празникот на сите граѓани, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски повика на обединување и помирување на сите граѓани во овие, како пто рече тешки политички моменти.
-Им го честитам на нашите граѓани денешниот празник, 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и им посакувам обединување и помирување на сите граѓани. Во овие тешки политички моменти кои се вистински предизвик за нашата држава треба да најдеме можност сите заедно да се обединиме и со заедништво да продолжиме да ја градиме нашата европска Македонија, изјави Јованоски.
Според Дејан Проданоски, потпретседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ова се тешки и мрачни времиња за Македонија, но Македонија секогаш раѓала луѓе кои ја продолжувале борбата за независна и суверена држава, а така ќе било и понатаму.
-Денеска, во едни тешки и мрачни времиња за Македонија оддадовме почит на великаните на македонската револуционерна борба. Борбата за Македонија секогаш била тешка и жолчна, но победата ја носеле оние кои биле на вистинската страна, на страната на Македонија. Предавници имало и ќе има, но на страниците на историјата се слават оние кои борбата ја воделе за татковината, а не за своите лични интереси. Македонија отсекогаш раѓала луѓе кои ја продолжувале борбата за независна и суверена држава. Така ќе биде и сега и ќе има такви кои ќе ги продолжат борбата и опстанокот на Република Македонија, изјави Проданоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
