Во пресрет на Велигден „Крепост" со донации за најзагрозените кумановци

Хуманитарното здружение „Крепост“ од Куманово во пресрет на Велигден подели помош за 17 кумановски семејства од ранливи категории. До Велигден, информираа денеска од оваа организација, бројот на донации ќе се зголеми, така што помошта во храна, облека, покуќнина и лекови ќе достигне до 40.
- Помошта е добредојдена за овие граѓани на кои им е потребно многу малку за да ја исполнат семејната трпеза со традиционалните велигденски јајца и со храна и заеднички, со восклик на сеопшта радост, да го дочекаме Христовото Воскресение, изјави Христијан Георгиевски од „Крепост“.
Помошта, нагласи, се донира за најзагрозените, односно на оние кои имаат вистински егзистенцијални проблеми, кои се работно неспособни со трајно нарушено здравје, самохрани родители.
- Би сакале „Крепост“ и во иднина да биде носител на доброто срце на градот за своите сограѓани, каде секој од нас нема да врти глава или да крие поглед кога ќе ги види овие луѓе, бидејќи и тие се дел од нас, од нашето секојдневие. Тие по различни основи и животни ситуации се нашле таму каде што се, и за нив секој од нас има и духовна и морална одговорност да им помогне, отфрлајќи ги зад себе предрасудите за различни класи на луѓе, ценејќи го секој како човек, рече Георгиевски.
Прецизира дека членови на „Крепост“ се луѓе од најразлични профили, работници, наставници, лекари, уметници, продавачи, инспектори, такси возачи, земјоделци, адвокати, агрономи, студенти,... Тие донираат финансиски средства согласно можностите, а неретко согласно потребите на загрозените се донира и лекови, постелнина, мебел, бела техника,...
Пораките за донирањето се испраќаат лично, но и преку социјалните мрежи, каде „Крепост„ е масовно прифатена од кумановци. Според најавите, организацијата ќе продолжи со помагање на немоќните и загрозените и по Велигден.
Ново на Сител
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
-

Законот за сезонски работници ги дава првичните резултати, но потребни се одредени измени во однос на ограничувањето на деновите за ангажман
