Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот „Шеф“ за Ердоган
Во пресрет на референдумот за реформите на Уставот во Турција ќе биде прикажан биографскиот филм за претседателот Реџеп Тајип Ердоган под наслов „Шеф“.
Премиерата на филмот „Шеф“ (на турски „Reis“) ќе биде одржана на 3 март.
Тоа ќе биде прва екранизирана биографија на Ердоган, кој веќе започна кампања за претстојниот референдум.
Филмот финансиски чинеше осум милиони долари, што е значаен буџет дури и за турската индустрија на филмот која бележи силен раст.
Продукцијата ја потпишува новооснованата продукциска куќа „Kafkasor Film Academy“, на која ова практично ќе и биде прв филм.
Турскиот новинар и колумнист Мустафа Акјол за „Монитор“ наведува дека филмот многу повеќе е политичка пропаганда отколку класична биографска драма, јави Klix.ba.
Продуцентите веќе почнаа да го најавуваат и снимањето на филмот „Шеф 2“ и „Шеф 3“.
Турција на 16 април ќе одржи референдум за уставните реформи со кои претседателот би добил поголеми овластувања.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати