Македонија
30. January 2019 - 20:05

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Кавадарци кај мотел „Дреново“

На патниот правец Прилеп – Кавадарци кај мотел „Дреново“ од 18.30 часот сообраќајот е во прекин поради сообраќајка во која е превртено тешко моторно возило.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, возилото удрило во надвозник  – железен мост – лента за транспорт на руда за „Фени“.

Сообраќајот се пренасочува од мотел „Дреново“ – Росоман – Кавадарци – Неготино и обратно.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајна полиција.