Македонија
18. May 2017 - 20:54

Во прекин сообраќајот на патот Градско-Прилеп кај Дреновска клисура и Прилеп-Кавадарци

Од 18:30 часот магистралниот пат А3 Прилеп-Кавадарци, поради случена сообраќајна незгода е во прекин за сообраќај на товарни моторни возила, а патничките моторни возила ќе се пропуштаат наизменично, соопшти АМСМ.

Во целосен прекин од 18:15 часот, сообраќајот е  и на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, кај Дреновска клисура.