Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром

Во пратка со рози што од Колумбија пристигнала на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, службеници од Независната управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле 100 килограми кокаин, а уапсени се шест лица, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Службениците од ААДЕ ги искористиле информациите од канцеларијата на американската служба за борба против дрога (ДЕА) во Атина, а мнозинството од уапсените се албански државјани.
Според весникот, четворица биле уапсени на аеродромот, каде што требало да ја преземат дрогата, додека другите двајца биле уапсени во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што веројатно требало да се складира кокаинот.
Во истрагата на ААДЕ помогнале и полицајци од Дирекцијата за борба против организирани криминал.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
