Во пожар изгоре објект на тетовско Кале
Во пожар целосно изгоре објект на ридот Балтепе во викенд населбата во близина на тврдината. Објектот е сопственост на Жарко Ананчевски.
![]()
-Ми јавија дека гори, па јавив на пожарна. Пожарната брзо дојде. Кога дојдов овде беше скоро изгорено. Се работи за викендичка, но јас повеќе живеам овде, преку летото чувам и добиток. На горниот дел имав 200 бали сено и повече и чекав пролет да дојде. Овде сум 90 посто од времето, се случи кога не бев. Објектот е направен во 1990-ти, јас сум од селото овде од Лавце,овде ме влече прв дом овде, втор дом во Тетово, се надевам дека ќе се обнови, ако општина поможе. Невозможно е да се влезе сега, не па да се живее, изјави Жарко Ананчевски.
Од ТППЕ Тетово информираа дека пожарот е пријавен во 9:05, а изгаснат во 11:35 часот. Интервенирале четири екипи со камиони и со 12 пожарникари.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
