Свет
28. December 2015 - 20:36

Во повеќе градови во Италија ограничено возењето на автомобили

Во повеќе градови во Италија воведено е ограничување на движењето на автомобилите поради невообичаеното големо загадување на воздухот.

Во Милано и во Павија, северна Италија забрането е возење на автомобили до среда во периодот од 10 до 16 часот.

Во Рим, третпат од почетокот на месецот се забранува возење на автомобили од седум часот и 30 минути до 12:30 и од 16:30 до 20:30 часот за автомобили со непарен број денеска, а утре со парен број. Слична мерка е воведена и во северниот град Бергамо.

Во јужниот град Неапол само возилата што ги исполнуваат стандардите од Евро 4 и повеќе можат да се возат оваа недела.

Во поголем број од овие градови воведен е и целодневен билет од 1,50 евра за да ги поттикнат граѓаните да го користат јавниот превоз.