-->
-->
Во потрагата по црните кутии на египетскиот авион се вклучат и две странски фирми
-->

Египет најми две странски компании кои ќе помогнат во потрагата на црните кутии од авионот на „Иџипт Ер“, кој минатата недела се урна во Средоземно Море, соопшти денеска директорот на египетската авиокомпанија Сафуат Мослем.
Тој наведе дека екипите кои трагаат по црните кутии ќе добијат помош од француска и италијанската компанија, кои можат да вршат потрага до длабочина до 3.000 метри. Но, Мослем не ги наведе имињата на странските компании.
Претходно, египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека во потрагата по црните кутии ќе се вклучи и подморница.
Во потрагата по остатоците од авионот и црните кутии учествуваат и авиони и бродови од Велика Британија, Франција, САД, Грција и Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
