Балкан
28. February 2017 - 13:52

Во последните четири дена во Грција нема ниту еден нов бегалец

На островите во северниот дел на Егејското Море во последните четири дена не е регистриран ниту еден нов бегалец или мигрант, соопшти грчката полиција.

Во меѓувреме, бројот на бегалци кои имаат поднесено бањање за азил во Грција, но нивната апликација се уште не е разгледана, се намали на 9.275 лица. Од нив, 4.259 бегалци се на Лезбос, 3.386 на Хиос и 1.628 мигранти има на Самос.