Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс

Првата група од 45 лица кои беа повредени во трагичниот настан во Кочани ја заврши првата фаза од нивната рехабилитација во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква, соопшти Министерството за здравство.
На почеток на следната недела ќе пристигне нова група, која ќе добие двонеделна медицинска нега и физикална терапија.
Со цел да се овозможат оптимални услови за овој процес на рехабилитација, Министерството за здравство апелира до средствата за јавно информирање, согласно специфичниот контекст, да продолжат да ја следат ситуацијата со особена внимателност, професионална етика и човечка солидарност во известувањето за лицата кои се повредени во трагичниот настан во Кочани.
-Според проценките на здравствените работници, секое нарушување на нивната приватност или инвазивен медиумски пристап може да предизвика дополнителни трауми и да го отежни процесот на нивното рехабилитирање. Во тој контекст, Министерството за здравство повикува на следното: како основно човеково право да се почитува правото на приватност на повредените лица и нивните семејства, да не се нарушуваат процесите на рехабилитација кои се спроведуваат од страна на стручни медицински тимови во Пониква и Општата болница во Кочани, да не се снимаат или фотографираат лица кои ги посетуваат или се дел од рехабилитациските сесии во периодот додека се во одморалиштето на Пониква или во Општата болница во Кочани со цел да се зачува достоинството и мирот на оваа заедница. Воедно, да не се бараат и земаат изјави во пишан, видео или аудио формат од истите лица за време на нивниот процес на рехабилитација во претходно-наведените објекти. Веруваме дека медиумите имаат суштинска улога во информирањето на јавноста, како и во градењето на емпатија и општествена одговорност, се наведува во апелот од МЗ.
Од Министерството додаваат и дека остануваат отворени за соработка и навремено информирање на јавноста преку транспарентни канали, но апелираат тоа да се одвива во дух на почитување кон оние кои сега имаат потреба од мир, разбирање и поддршка.
Ново на Сител
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
