Бизнис
12. July 2015 - 16:34
Во пелагониско за три дена започнува откупот на житото
Откупот на лебното зрно од најголемата житница во земјава - Пелагонија ќе стартува за три дена. Житото, според веќе утврдените законски параметриц: влага, хектолитарска тежина и примеси, ќе се дели и откупува според три класи, односно за просечни откупни цени од 11, 10 и 9 денари за килограм, во зависност од класите, посочуваат откупувачите.
Мелничарите, земајќи го предвид фактот дека посевите од пелагонсикото поле претрпеа сериозни штети од годинашните поплави, не сакаат да калкулираат со квалитетот на родот, како и со вкупните количини кои ќе бидат откупени.
Производителите на жито, пак, бараат 2 денари плус од веќе утврдените откупни цени кои ќе ги субвенционира државата. Но, според надлежните, ова нивно барање додека и официјално не стартува откупот, ќе биде ставено во мирување.
Во меѓувреме, откупувачите, своите складишта за жито, им ги ставаат на располагање на производителите- кооперанти, согласно претходно склучените договори.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
