Во Париз почна парадата по повод Денот на падот на Бастилја

Во Париз во тек е парадата по повод францускиот национален празник Ден на падт на Бастилја, а покрај домаќинот претседателот Емануел Макрон, дефилето го следат германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенверг, претседателот на ЕК во заминување Жан-Клод Јункер и други угледни гости.
Меѓу присутните не е британската премиерка Тереза Меј, а во нејзино име на парадата е пристигнат вицепремиерот Дејвид Лајдингтон.
Франција ќе ги покаже одбранбените капацитети на ЕУ со истакнување во преден план на европската воена соработка на парадата по повод Денот на падот на Бастилја во знак на сеќавање на 14 јули 1789 година, кога тврдината-затвор била освоена за време на Француската револуција.
Демонстрирањето на воената соработка во рамки на ЕУ се случува во момент на зголемени тензии со САД.
Денот на падот на Бастилја ќе биде одбележан низ цела Франција со паради, прослави, огномети, а во Париз пожарникарите традиционално ќе ги отворат вратите од своите станици за организирање забави со граѓаните. Ќе се одржи и голем концерт кај Ајфеловата кула.
На Елисејските полиња денеска ќе продефилираат воени сили од девет земји, кои покрај Франција се дел од Европската иницијатива за интервенции (Е2И), вклучувајќи ги Велика Британија и Германија, а на небото ќе прелетаат германски транспортни авиони А400М, шпански С130 и два британски хеликоптера „џинук“.
На парадата ќе учествуваат и припадници на Француско-германската бригада (БФА), која има 5.000 луѓе, а основана е во 1989 година како симбол на повоеното единство меѓу Франција и Германија и сега прославува 30-годишнина.
Како што наведуваат локалните медиуми, на парадата во центарот на Париз ќе учествуваат околу 4.300 припадници на оружените сили, 196 возила, 237 коњи, 69 авиони и 39 хеликоптери.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
