Македонија
11. December 2016 - 18:21

Во Општина Велес до 17 часот гласале 62 отсто од гласачите

Во Општина Велес на 84 избирачки места од регистрираните 46.394 на Единствениот избирачки список, според информацијата од Општинската изборна комисија до 17 часот своето право на глас го оствариле 28.928 или 62 отсто од гласачите.

- Гласањето се одвива мирно и без инциденти со мали приговори кои ние веднаш ги препраќаме до Државната изборна комисија, онака како што налагаат правилата за избори, нагласува Лили Велковска претседател на Општинската изборна комисија.