-->
-->
Во Општина Лозово победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски
-->
Според првичната информацијата на Општинската изборна комисија Лозово, како што информира за МИА претседателот на ОИК Ванчо Пешевски, во вториот круг од локалните избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски со освои 783 гласа, a неговиот противкандидат од СДСМ и Коалиција, Ацо Велков освои 744 гласа.
Од вкупниот број на гласачи во Општина Лозово 1974 во вториот круг од локалните избори денеска на гласање излегле 1568 гласачи.
Општинската изборна комисија Лозово констатирала и 41 неважечко гласачко ливче.
Членовите на ОИК Лозово сега се на пат за Скопје да ги предадат гласачките материјали во ДИК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
