-->
-->
Во општина Карпош се реконструираат основните училишта
-->
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски денеска информира дека се реконструираат сите десет основни училишта во општината. Издвоени се околу 8,1 милиони денари, а реконструкцијата ќе заврши до 25 август годинава. Фирмата која работи на три основни училишта е „Конструктор Ком“, а на останатите седум е фирмата „Раритет“.
- Сакаме да создадеме најдобри услови за учење на нашите најмлади жители на општината. Вакви реконструкциски зафати ќе вршиме секои две до три години во сите училишта на територијата на општина Карпош, рече Јакимовски.
Тој потсети дека во 2011 и 2012 година со пет милиони евра, обезбедени од буџетот на општината, се изврши целосна реконструкција на сите 10 основни училишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара