Во општина Илинден се гради нова станбена зграда

Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник на новата станбена зграда во оваа општина.
Зградата ќе се простира на површина од 2.000 метри квадратни, ќе располага со 28 стана, а според инвеститорот „Унија клуб“, вкупната инвестиција изнесува 900.000 евра.
Како што информира општина Илинден, голем е интересот за новите станови што треба да бидат готови до крајот на годината.
- Во функција на локалниот економски развој, со носењето на урбанистичките планови за Илинден, Марино и Кадино се овозможија нови 2.000 неизградени градежни парцели за индивидуално домување во семејни куќи. Ова се вклопува во концептот на општина Илинден за евтини градби за жителите кои сакаат да изградат сопствени домови, се вели во соопштението од општина Илинден.
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
