Во општина Дебар поголем број првачиња и средношколци
Во новата учебна 2018/2019 година, во општина Дебар, има и поголем број првачиња и поголем број запишани ученици во прва година во гимназијата.
На ниво на општина настава ќе следат над 3.100 основци и средношколци.
Од вкупниот број основци, за првпат во ученичка клупа денеска седнаа 212 првачиња, што е за петнаесеттина првачиња повеќе од минатата учебна година.
- Во трите деветолетки во општината, настава следат вкупно 3.150 ученици,од кои околу 1.100 се во училиштето „Братство единство“ во градот, додека по околу 550 ученици се во училиштата „Саит Најдени“ во градот и „Ристе Ристески“ во село Долно Косоврасти. Оваа учебна година имаме 212 првачиња, изјави Решат Ќормемети, одговорен во секторот за образоваие при општина Дебар.
Според него, од вкупната бројка на првачиња најмногу или 100 се во ООУ„Братство единство“ и тоа 25 за настава на македонски наставен јазик од кои девет се во село Џепиште, додека останатите 75 за настава на албански наставен јазик. Во ООУ„Саит Наједни“ има 47 првачиња, сите на алабански и во ООУ„Ристе Ристевски“ 65 првачиња сите на македонски наставен јазик.
Во дебарското средно општинско училиште „Здравко Чочковски“ во прва година гимназиска насока запишани се 155 ученици, што е за шеесеттина ученици повеќе споредено со минатата учебна година. Од вкупниот број 57 се за настава на македонски и 98 на албански наставен јазик. Во ова единствено средно училиште во општината настава следат вкупно 553 ученици.
Ќормемети посочува дека во сите образовни институции навреме се превземни сите потребни мерки и активности со цел нормален тек на наствата.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот