Во општина Дебар до 13:00 часот гласале 18,3 отсто од вкупно запишаните
Во општина Дебар до 13:00 часот забележана е поголема излезност споредено со првиот круг од гласањето за 3,8 отсто.
-Од вкупно запишаните 19.211 граѓани, во единствениот избрачки список, правото на глас до 13:00 часот го искористија 3.520 или 18,3 отсто. Во првиот круг од локалните избори гласаа 2.981 лице или 14,5 отсто, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската зборна комисија.
Додава дека во сите 27 избирачки места изборниот ден минува без проблеми и оти поголема излезност очекуваат во следните попладневи часови, што е вообичаена појава за сите изборни циклуси.
Доколку се направи споредба со процентот на излезност со последните локални избори, во 2017 година, таа денеска е речиси на исто ниво. Тогаш, до 13:00 часот гласале 17,9 отсто што е 0,4 отсто помал процент од денеска.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
