Во Општина Центар санкционирани 286 непрописно паркирани возила
На територијата на Општина Центар во изминатите седум дена се санкционирани 286 непрописно паркирани возила коишто го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар се отстранети 124 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „Блокатор“ се санкционирани 162 возила затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти денеска Општина Центар.
Оттаму истакнуваат дека постојано водат грижа да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општината. Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од секој учесник во сообраќајот со цел одржување ред и безбедност на улиците.
Ново на Сител
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец