-->
-->
Во околината на Москва убиени петмина моторџии, напаѓачот приведен
-->

Во Московската област се убиени петмина моторџии, а по неколкучасовната потрага полицијата го приведе напаѓачот, кој во меѓувреме ја признал својата вина, пренесе ТАСС.
Нападот бил изведен крај напуштена пиварница во Еворевскиот регион, во Московската област.
Напаѓачот пукал врз петмината моторџии со карабина Сајга. Постојат сомненија дека тој од минатото имал нерасчистени сметки со сега убиените и дека нападот всушност му бил добро испланиран.
Се претпоставува дека петмината моторџии требало да учествуваат на едно моторџиско собирање недалеку од местото на злостроството. На тоа собирање требало да земат учество стотици моторџии. Откако медиумите информираа за убиството на петмината, неколку групи почнале самостојно да го бараат убиецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
