Во Охрид 16-ти Конгрес на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија
Резултатите од досегашната работа на Синдикатот на вработените во индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), програма за натамошните активности, избор на раководните органи на СИЕР за наредните пет години, како и резолуции за конкретни прашања од интерес на членството, се точките на агендата во работата на 16-тиот Конгрес на СИЕР што денеска се одржува во Охрид.
Пецо Ристески, претседателот на СИЕР, истакна дека покрај редовните точки од работата на Синдикатот, тука ќе бидат разгледувани и прашања што се од најголема важност за членството како резолуција за најниската плата, за скратување на времето за склучување редовен работен однос, воспоставување посебни судски одделенија за работни спорови и барање за повисока сума за обештетување на отпуштени работници.
- Работниците во Македонија имаат најниска минимална плата во регионот и во Европа. Од тој аспект пораката од овој Конгрес ќе биде дека преку социјалниот дијалог мора да се договори повисока минимална плата. Бараме и скратување на времето за склучување работен однос од пет години на година до две, потоа специјализирани судски одделенија за скратување на судските спорови, како и зголемување на сумата за обештетување при испратнини, рече Ристески, изразувајќи очекување дека ќе добијат поддршка и од другите синдикати за нивните барања.
Што се однесува на синдикалното организирање во браншата, Ристески со забелешка дека постои недоследност во легислативата, дека генерално сите стопански сегменти не треба да бидат задоволни.
- Организирањето на синдикатите кај новоформираните компании мошне тешко се пробива, најмногу како пречка тука се јавуваат работодавачите. Во Законот стои дека работодавачот не смее да го попречува синдикалното организирање, а никаде нема сакнција за работодавачот што ќе го попречува синдикалното движење, рече Ристески.
Обраќање пред учесниците на Конгресот на СИЕР имаше и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски, која посочи повеќе прашања што бараат посериозен пристап во социјалното договарање меѓу синдикатите, Министерството и работодавачите, по однос непријавената работа, безбедноста на работните места, навременото исплаќање на платите согласно законот, почитуввањето на Законот за минимална плата и повеќе актуелни прашања, за кои рече дека во минатото биле малку третирани од институциите задолежни да го вршат надзорот за спроведување на Законот за работни односи.
- И како Министерство за труд и социјална политика и како министер ги поттикнувам синдикалните движења гласно да ги искажуваат барањата на работниците затоа што само така можеме да направиме посреќни вработени, да го обезбедиме нивното работно место со гаранција дека ќе ги подобриме условите за работа и животниот стандард, рече Ременски.
Што се однесува на проблемот на работниците од браншата по однос минималната плата, Ременски рече дека реалните показатели како претставките, извршените инспекциски надзори и изречени мерки од Државниот инспекторат за труд, покажуваат дека Законот за минимална плата се крши од одредени субјекти.
- Идејата на идното социјално-партнерско договарање е токму за зголемување на минималната плата што ќе осигура повисок животен стандард за вработените, а истовремено ќе придонесе за спречување малверзации кога одредени работодавачи зад изговорот за минимална плата не ги исполнуваат и основните обврски кон вработените, рече таа.
Министерката не ја исклучува и можноста во иднина со закон да се гарантира слободата на синдикално организирање на работниците во компаниите од слободните индустриски зони.
- Тоа е напор на сите синдикати во Македонија, организирањето на работниците и во приватниот сектор е нешто што треба да се поддржи, рече таа.
Ново на Сител
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите
-
Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
-
Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“
-
Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО
-
Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување