Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
Во вториот по големина град во Србија, денеска ќе се одржи протест на средношколците против онлајн наставата. Ним им се придружија од синоќа нивни врсници од неколку градови во државата кои пристигнаа пеш или на велосипеди.
Неколку илјади средношколци од цела Србија се собраа синоќа пред железничката станица во Нови Сад, каде што им оддадоа почит на жртвите кои загинаа на тоа место на 1 ноември лани откако се урна бетонска настрешница.
Протестот „Онлајн не е решение“ почнува денеска во 11:52 часот и ќе трае до полноќ.На протестот ќе зборуваат средношколци од неколку градови, а на учениците ќе им се обратат и професори.
На протестот дојдоа средношколци од Белград, Зрењанин, Суботица, Шабац, Обреновац, Ужице, Ваљево, Лозница, Чачак, Горњи Милановац, Пожаревац, Бајина Башта и други градови.
Според организаторите, се очекуваат над 1.000 средношколвци од различни делови на земјата. Најголемата група, од околу 650 кандидати, пристигна синоќа од Белград.
„Да покажеме со пример за што се бориме овој пат“, рекоа средношколците од Нови Сад, поканувајќи ги сите да им се придружат на 26 април.
Средношколците од Нови Сад ги пречекаа своите врсници со извици на поддршка, а од Белград пристигнаа последни, по што синоќа имаше огномет.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска