Во Њујорк утре почнува нова рунда преговори за името
Нова рунда преговори, втори од нивното обновување, ќе се одржи утре во Њујорк меѓу преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.
Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон за конечно затворање на спорот.
На состанокот во Њујорк, како што објави МИА, се очекува Нимиц да стави на маса иницијална рамка за надминување на разликите околу името. Ова беше потенцирано на последата средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, која се одржа во Солун минатата недела, а за која двете МНР-а не изнесуваа ниту време, ниту локација сè до нејзиното одржување.
Димитов и Коѕијас се договорија да имаат подиректна улога во разговорите со цел да се поттикне забрзуваење на решавањето на спорот, а за таа цел договорија и формирање на работни групи, со кои ќе раководат лично тие и кои првиот состанок ќе го имаат следниот месец.
Ново на Сител
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити