Во Неготино изложба на слики на стакло
По повод Меѓународниот ден на хендикепираните лица - 3 Ноември денеска во Неготинскиот музеј беше отворена изложба на слики нацртани врз стакло, изработени од лицата со посебни потреби од здружението „Порака" во Неготино.
Насловот на изложбата е „Да не биде само 3 декември“.
- Годинава решивме денот да го одбележиме преку нашите творби, имаме 13 годишно искуство и се надеваме дека добро го претставивме преку оваа изложба. Сликите се изработени на стакло и стаклени чаши со специјални бои, изработени во рамките на една од нашите работилници, во кои имаме изработено голем број на творби, рече Валентина Тасева, раководител на Службата за домување со поддршка во заедницата.
Процесот на деинституционализација кој во Македонија се спроведува веќе година, посочи Тасева, зема голем замав. - Минатата недела беше отворена најновата станбена единица во Службата за домување со 5 нови корисници. Сега имаме вкупно 81 лице со попреченост кои се дел од службите за домување, нагласи Тасева.
Изложбата има продажен карактер. Средствата од продажбата на сликите ќе бидат искористени за лицата сместени во станбени единици, за набавка на покуќнина во куќите каде што живеат.
Директорот на музејот Ристе Марков истакна дека хуманоста е најчовечката особина. Во хуманоста се гледа големината на еден човек, посочи Марков.
За културно-уметничката програма беа задолжени учениците од основното музичко училиште „Владимир Арсовски" од Неготино.
Ново на Сител
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање