Во Негорци се гради ладилно откупен центар, инвестиција кофинансирана од ИПАРД

Во село Негорци, Гевгелија, денеска е поставен камен темелник за изградба на ладилно откупен центар за овошје и зеленчук на гевгелиската Ледра Агро ДОО, инвестиција кофинансирана од ИПАРД Програмата. Во објектот што ќе биде со површина од 2.000 метри квадратни, сопственикот најавува отворање 30 работни места.
Според директорката на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ, ваквиот тип инвестиции покажува проширување на интересот кај земјоделците за искористување на средствата од програмата. - До сега тие најмногу се користеа за купување трактори и земјоделска механизација, а оваа претставува инвестиција за модернизација на македонското земјоделство. Инвестицијата ќе биде многу значајна и за регионот, бидејќи е единствена од ваков тип. Агенцијата како помош дава 37 милиони денари кофинансирана сума, а вкупната инвестиција изнесува околу 90 милиони денари, рече Вуковиќ.
Како споредба за зголемениот интерес кај земјоделците за користење на ИПАРД средствата, Вуковиќ нагласи дека наместо вообичаените 60 до 80 апликации сега пристигнуваат од 400 до 800 апликации што претставува десеткратно зголемување, а исплатата на средствата е поголема за шест пати. За оваа и идната година на располагање од ИПАРД програмата се 11 милиони евра и, како што потенцира Вуковиќ, веројатно прв пат ќе бидат целосно искористени.
Сопственикот на компанијата ,„Ледра Агро“ Пејчо Илиев истакна дека располага со 57 хектари трпезно грозје од кое се наметнала потребата за изградба на ладилно откупниот центар на површина од 2.000 метри квадратни.
- Ова е мое прво искуство од коритење средства преку ИПАРД програмата.Тие ми се од големо значење и помош да го изградам објектот кој се наоѓа на атрактивна локација поврзана со автопатот и блиску до Солунското пристаниште. Изградбата на објектот планирам да заврши најдоцна до 15 јуни и во прво време да обезбеди вработување за 30 лица, рече Илиев.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
-

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност
-

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
