Во нападите во Лисичанск загинаа 28 лица

Бројот на жртвите од украинските напади во кои беше погодена пекара во Лисичанск се зголеми на 28, а меѓу нив е и едно дете, соопшти администрацијата на првиот човек на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Леонид Пашечник.
Руското Министерство за вонредни состојби претходно соопшти дека нивните службеници извлекле тела на 20 лица од урнатините по нападот.
Министерството објави видео на кое се гледа како работниците од итната помош носат две лица облеани во крв на носилки од урнатините на зградата во темнината.
Претходно, одделот објави дека неговите вработени спасиле 10 лица и им ги предале на медицинските лица. Во моментов нема коментар од украинска страна за тоа што се случило.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека во моментот на нападот во зградата имало „десетици цивили“ и дека во нападот било користено западно оружје.
Информативниот центар во Луганск, кој е под руска контрола, извести дека Украина пукала врз пекарницата користејќи го мобилниот артилериски ракетен систем Химарс, испорачан од САД.
Според руски оперативец од оперативните служби,просечната возраст на жртвите била меѓу 30 и 40 години.
Лисичанск се наоѓа во регионот Луганск, веднаш до линијата на фронтот, а руските трупи ја презедоа контролата врз градот во летото 2022 година.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
