-->
-->
Во Москва се очекува состанок на Гутереш и Путин
-->

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во Москва треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но очекувањата од средбата се мали, бидејќи досегашните дипломатски напори пропаднаа, јави Би-Би-Си.
Како што се наведува, се очекува разговорите меѓу Путин и Гутереш да се фокусираат на опколениот град Мариупол, каде што руските сили, и покрај прогласувањето на победата, не успеаја да ја освојат фабриката за челик Азовстал.
Украина побара од Гутереш да гарантира хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се кријат во Азовстал.
Шефот на ОН се очекува да отпатува за Киев во четврток за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
