Во Маврово до попладнево наврнати 55 сантиметри снег
Висината на снежната покривка во Маврово до 16 часот изнесува 55 сантиметри, во Пожаране 37, Лазарополе 25, Ѓуриште 19, Тетово осум, Берово пет и два сантиметри во Охрид.
Како што соопштија од УХМР за девет часа во Маврово наврнале 17 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 16, Тетово 13, Охрид 12, десет во Лазарополе, четири во Скопје...
Времето до крајот на денот, според синоптичарите, ќе биде облачно со повремени врнежи од снег во западните делови. Вдолж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, а во источните делови ќе врне претежно дожд, но на повисоките места и на планините ќе врне снег. Обилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 30л/м2 воден талог, а снежната покривка се очекува да се зголеми за 38см. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ