Во Маврово 12 сантиметри снег
Најмногу врнежи од снег денеска до 13 часот и 30 минути има во Маврово, 12 сантиметри. Висината на снежната покривка во Пожаране е 10, седум во Лазарополе и еден сантиметар во Крушево.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, изминатите шест часа најмногу дожд заврна во Демир Капија, 29 литри на метар квадратен, 26 литри во Гевгелија, 24 во Штип, 12 во Куманово и Ѓуриште и 10 во Скопје-Петровец. Најмалку врнежи има во Крива Паланка, Виница, Струмица и Берово, по четири литри на метар квадратен.
До крајот на денот во Македонија ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, а во западните делови на планините со врнежи од снег и натамошен пораст на снежната покривка. Во ноќните часови врнежите ќе слабеат по интензитет и утре претпладне повремени слаби врнежи ќе има само во западните делови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови