ОН во март бележат драстичен пораст на бројот на загинати и ранети цивили во Украина

Набљудувачите на Обединетите нации забележаа ненадејно зголемување на цивилните жртви во Украина минатиот месец поради засилените напади на руските сили, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права. Во март меѓу жртвите најмалку 57 деца се убиени или повредени, што е двојно повеќе од февруари, јави Хина.
Набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови права потврди најмалку 604 цивили убиени или повредени во Украина во март, што е за 20 отсто повеќе од февруари.
Зголемувањето на цивилните жртви во март е главно резултат на нападите на руските вооружени сили кои користат ракети и експлозивни дронови низ Украина и зголеменото воздушно бомбардирање во близина на линијата на фронтот“, соопшти Канцеларијата за човекови права.
Мисијата откри дека повеќето цивилни жртви – 93,5 проценти – како и најмногу штети на образовните и здравствените установи и критичната инфраструктура се случиле во областите контролирани од владата.
Украина претрпе особено тешки напади минатиот месец, при што претседателот Володимир Зеленски кажа дека земјата може да остане без ракети за противвоздушна одбрана доколку Русија продолжи со својата интензивна кампања за бомбардирање со ракети со долг дострел. Минатата недела, тој прецизно соопшти дека само во март Русија истрела над 3.000 наведувачки бомби, лансирала 600 беспилотни летала и 400 проектили кон Украина.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
