Во манастирот во Матка ќе се одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г Стефан утре ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир во Матка кај Скопје.
По повод одбележувањето на православниот празникот кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот вечер ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.
Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.
Утре, пак, по Светата Божествена Литургија која ќе започне во 9 часот, одбележувањето на празникот ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.
Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
